Доцна попладнето бил запален мостот – платформата под Смоларскиот водопад на планината Беласица, каде секојдневно голем број туристи го користат, се фотографираа и уживаа во убавината на водопадот. Од пожарот била зафатена и околината со дрвја. Месното население веднаш интервенирало, а на помош ја повикале и Противпожарната единица на Струмица од каде интервенирале со шест пожарникари и две возила. Пожарот е изгаснат и не е дозволено да се прошири низ планината Беласица, информираат од ТППЕ Струмица.
Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов на својот Фејсбук профил објави дека некој „совесен“ сограѓанин ја запалил платформата на Смоларски водопад и предизвика пожар кој се шири кон исток на Беласица.
Од утре се забранува пристап на Смоларскиот водопад заради безбедносни причини, се додека не биде изградена нова платформа кај водопадот.
ФОТО: ТППЕ Струмица