Денеска во посета на Општина Босилово беше заменик министерот за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев. Тие имаа работна средба со градоначалникот Ристо Манчев со кој разговарале за можностите за реализација на европски проекти, а го посетија и Центарот за активно стареење во Турново, кој се планира во наредниот период, вториот кат од Домот на културата во Турново, дополнително да се уреди и ќе се стави во функција.