72-годишен жител од струмичкото село Ново Коњарево го загуби животот откако во него удрил автомобил марка „Фолксфаген Голф“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјанин.
Несреќата се случила вчера околу 17:00 часот во селото Ново Коњарево, на магистралниот пат А4, кој коj води кон граничниот премин „Ново Село“. Според првичните информации 72-годишниот човек починал на лице место, а лекарот кој дошол на местото на несреќата само ја констатирал смртта.
„На 01.11.2022 година околу 17:00 на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во селото Ново Коњарево, патничко возило „Фолксваген Голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од село Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица“ – стои во информацијата на СВР Струмица.