Синоќа во 23:45 часот во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот и удрил во бандера. Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица, информираат од СВР Струмица.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.