Денеска во хотелот „Вила Парк“ во Струмица се одржа завршната конференција од проектот „Заедно кон родово одговорни заедници“, на која беа презентирани наодите и препораките од Анализата на родовата компонента на програмите за еднакви можности и за локален економски развој на општините Ново Село, Радовиш и Струмица за 2022 година.
Присутните беа поздравени од проектните тимови и раководството на Организација на жени од Струмица и на Реактор – Истражување во акција. Свое обраќање имаше и Ирена Иванова од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
На конференцијата учествуваа претставници на локалните самоправи и на граѓански организации од трите општини.
Проектот „Заедно кон родово одговорни“, имплементиран од Организација на жени од Струмица е поддржан од Реактор – Истражување во Акција и нивните партнери преку Акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Ова акција е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведска.