недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

За прв пат во Струмица се одржаа Есенски Крос трки за ученици од I до V одделение

сабота, 12 октомври, 2024 | 14:58
in Вести, Струмица
За прв пат во Струмица се одржаа Есенски Крос трки за ученици од I до V одделение

Големиот струмички парк беше полн со дечиња, родители, баби, дедовци, каде денеска за прв пат се одржаа Есенски Крос трки за ученици од I до V одделение, а по повод празникот 11-ти Октомври.

Организатор на овој настан беше Меѓуопштинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица, заедно со Атлетскиот клуб „Беласица ран“ кои очекуваат овој настан да се одржува секоја година, да прерасне во традиција како Ноќните Крос трки кои се одржуваат повеќе од 50 години, а се застапени ученици од шесто до деветто одделение и средношколци.

На првите Есенски Крос трки учествуваа околу сто дечиња од одделенска настава, најбрзите си добија медаљи и дипломи за спомен, а сите учесници добија и специјално шише за вода кое ги обезбеди АК „Беласица ран“.

Еве кои се најбрзите ученици на оваа прва Крос трка, по категории:

Во категоријата I одделение (девојчиња), првото место го освои Ана Масева од ООУ „Сандо Масев“, второто Ева Стојанова од ООУ „Никола Вапцаров“ додека третото место го поделија Мелани Гоцевска од ООУ „Сандо Масев“ и Клара Јакимова од ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса. Кај момчињата првото место го освои Симон Васковиќ од ООУ „Сандо Масев“, втор беше Андреј Алаѓозовски од ООУ „Видое Подгорец“, а третото место го поделија Матеј Шаламанов од ООУ „Сандо Масев“ и Борјан Георгиевски од ООУ „Видое Подгорец“.

Кај девојчињата од второ одделение најбрза беше Теа Митева од ООУ „Сандо Масев“, зад неа беше Лана Стојанова од истото училиште, додека третото место го поделија Захарија Памукова од ООУ „Сандо Масев“ и Мила Џонлага од ООУ „Никола Вапцаров“. Кај момчињата од второ одделение првото место го освои Богдан Партенов од ООУ „Видое Подгорец“, втор беше Наско Голубовски од ООУ „Сандо Масев“, а како трети се пласираа Матеј Ѓоргиев од ООУ „Никола Вапцаров“ и Матеј Стефков од ООУ „Сандо Масев“.

Во категоријата III одделение (девојчиња), првото место го освоија Милана Стојилкова и Јелена Данчева и двете ученички во ООУ „Сандо Масев“, кои беа и единствени учеснички во оваа категорија. Кај момчињата од трето одделение првото место го освои Димитар Бјадов од ООУ „Сандо Масев“, втор беше Атанас Јанакев од ООУ „Никола Вапцаров“, додека третото место го поделија Андреј Ментинов од ООУ „Сандо Масев“ и Ангел Ристов од ООУ „Никола Вапцаров“.

Во категорија девојчиња од IV одделение најбрза беше Викторија Стоева, втора беше Николија Булатовиќ, а трета Лара Пиличева, сите ученички во ООУ „Видое Подгорец“ Струмица. Кај момчињата од IV одделение прв беше Христијан Колев од ООУ „Сандо Масев“, втор Константин Лазаров од ООУ „Видое Подгорец“, а третото место го освоија Александар Шаламанов од ООУ „Сандо Масев“ и Виктор Коцев од ООУ „Видое Подгорец“.

И во категоријата V одделение (девојчиња), првото место го освои Стефанија Арабаџиева од ООУ „Видое Подгорец“, втора беше Ива Јанкова од ООУ „Сандо Масев“, а како трета се пласира Мелани Тупалова од ООУ „Гоце Делчев“. Во машка конкуренција прв беше Кристијан Копачев од ООУ „Сандо Масев“, зад него Антонио Глигоров од истото училиште, а трето место го поделија Христијан Сапунџиев од ООУ „Гоце Делчев“ и Мартин Велков од ООУ „Никола Вапцаров“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Бирото за Јавна Безбедност во понеделник во Струмица организира едукативен караван насловен „До Вас, за Вас“

Next Post

Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5% со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46%

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за три општини во струмичкиот регион, за Струмица сé уште не одлучиле

среда, 28 мај, 2025 | 22:49
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

МВР информира за групна тепачка во селото Банско

среда, 28 мај, 2025 | 16:09

ТОП ВЕСТИ

Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“
И покрај дождот се одржа хуманитарната иницијатива „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ – 150 граѓани трчаа низ струмичките улици
По повод денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј, Општина Струмица додели 15 плакети и признанија на најдобрите просветни работници

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist