понеделник, 18 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

За Гоце се пееше во Струмица – македонската естрада ги пееше неговите најголеми хитови

четврток, 5 декември, 2024 | 10:13
in Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ
За Гоце се пееше во Струмица – македонската естрада ги пееше неговите најголеми хитови

Поминаа 13 години откако не напушти легендата на македонската песна, струмичанецот Гоце Арнаудов. Во негова чест, во неговата Струмица се организираше концерт на кој најпознатите македонски естрадни имиња ги пееја песните на Гоце.

Кристина Арнаудова, Ламбе Алабаковски, Јордан Митев, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Велевска, Александра Јанева, Мартијан Кириловски, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Борис Димов, Јоце Панов, Јовче Пандев, Александар Тарабунов и Ансамблот „Распеани Струмичани“ се имињата кои ги пееја хитовите на Гоце.

Во полната сала, покрај неговите сограѓани, пријатели, музичари, беа и неговото семејство, ќерката Харита и синот Оскар, но и двајцата композитори Миле Барбаровски и Ванчо Тарабунов, кои „рокерот“ Гоце кој со својата група „Крик“ свиреше во Белград, буквално го вратија во Македонија и ја почнуваат неговата музичка кариера со првиот настап на фолк фестивалот „Цветници 1992“ и првата негова песна „Полни, полни бре меанџио“.

„Со неговото појавување и неговите први хитови се поместија границите во македонската новосоздадена песна и се поставија нови стадарди во овој жарн на музика“, кажа Барбаровски кој заедно со Ванчо Тарабунов и текстописецот Огнен Неделковски од организаторите добија благодарници за долгогодишната соработка со Гоце Арнаудов.

За Тарабунов, Гоце со енергичниот, моќен глас што го имаше даде нов правец во пеењето кај македонските пејачи, а со неговите песни, од кои најголемите се сé уште хитови и уште многу ќе живеат кај народот се создаде едно големо фолклорно богатство за Македонија.

Гоце Арнаудов зад себе остави 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк Фест „Валандово“ му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.

Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадев на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостуваше на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествуваше редовно и на добротворни концерти.

Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Гоце прави концерт на стадионот „Младост“ и собра 10.000 публика, а првите луѓе на градот му ја дават наградата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и за почесен граѓанин на Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Утре прекин на електричната енергија на „Балканска“ во Струмица

Next Post

Автомобил удрил во четири малолетници кои туркале друг автомобил – тројца се во болница

Related Posts

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана
Вести

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана

недела, 17 август, 2025 | 22:47
Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства
Вести

Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства

недела, 17 август, 2025 | 22:22
Во Струмица вчера казнети 35 возачи за брзо возење
Босилово

Во сообраќајка на патот Босилово – Радово повредени две лица

недела, 17 август, 2025 | 16:43
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

40-годишна жена пријавила дека снаата физички го малтретирала своето тримесечно бебе

недела, 17 август, 2025 | 15:37
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Босилово

Сообраќајка помеѓу трактор и товарно возило – тешко повреден 77-годишен жител на Секирник

недела, 17 август, 2025 | 14:54
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Времето утре променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

недела, 17 август, 2025 | 12:17

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist