Во рамките на годинашниот Струмички карневал, на празникот Чист Понеделник, (3 март 2025 година), Здружението за афирмација на млади угостители „Ескофиер“ од Струмица во соработка со своите партнери организираат иницијатива „Најголем број поделени порции бело гравче“.
Иницијативата е со цел во иднина да се постигне светски рекорд во најголем број поделени порции бело гравче и истиот настан да премине во традиција на угостителите, односно сите угостителски објекти да се обединат и да го организираат овој настан секоја година.
Од Здружението „Ескофиер“ ги повикуваат сите угостители кои се заинтересирани и сакат да се вклучат во овој настан, да ги контактираат на мобилниот број: 078 399 619 или на официјалната Фејсбук страница на здружението.