среда, 5 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Елеуса Фондација ја започна кампањата „Сподели дел од својата трпеза, нахрани гладен“

среда, 8 март, 2023 | 16:47
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица
Елеуса Фондација ја започна кампањата „Сподели дел од својата трпеза, нахрани гладен“

Елеуса Фондација и оваа година започна голема Хуманитарна акција под мотото „Сподели дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Во поголемиот број маркети низ Струмица поставени се корпи во кои граѓаните може да оставаат прехранбени продукти, кои потоа ќе бидат доставени до најсиромашните наши сограѓани.

Корпите со препознатливото лого на Елеуса Фондација и мотото „Сподели дел од својата трпеза – нахрани гладен“, поставени се низ маркетите на Стокомак, Киси Трејд, Кит Го, Зендолино, Црвена Ружа, Тинекс и Голд маркет.

„Огромна благодарност упатуваме кон нашите партнери чиј број се зголемува од година во година. Општествено одговорните компании од нашата заедница не ги забораваат луѓето кои страдаат. Така и овојпат маркетите со големо срце, отстапија простор за корпите во кои граѓаните може да ги оставаат донациите во храна или средства за хигиена“, појаснуваат од Фондацијата додавајќи дека целта е оваа хуманитарна акција да нѐ направи сострадални.

„За жал, бројот на гладни наши браќа и сестри секојдневно расте. Оваа кампања е со цел да ни ги отвори срцата да сострадуваме и да покажеме дека во нас сè уште има љубов и дека не сме го изгубиле човечкото, дека не можеме да бидеме спокојни што некој заспива гладен, дека не ни е сеедно што има дечиња кои поминуваат со еден оброк или без ниеден“, велат од Елеуса Фондација.

Собраната храна ќе биде употребена во подготовка на Велигденските пакети кои ќе ги добијат околу двесте семејства во Струмица и населените места кои гравитираат кон Струмичката Православна епархија.

„Нашата Фондација подели над двесте божиќни пакети со храна и средства за хигиена во вредност од најмалку 10.000 денари. Сакаме, особено пред големите христијански празници, да ги посетиме сиромашните семејства и да им помогнеме да ја почувствуваат празничната радост, без да мислат како ќе го поминат денот, така што до средината на април повторно ќе испратиме над двесте пакети“, додаваат од Фонадацијата.

Секој што сака да придонесе во остварување на хуманите цели може да се обрати на електронска пошта: [email protected] или на телефонскиот број: 078 218 660.

Отворени се и сметките:

Денарска жиро-сметка: 300030000262856 Комерцијална банка

Фондација ЕЛЕУСА Струмица

Цел на дознака: Донација

Девизна сметка:

KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BRANCH STRUMICA MACEDONIA

SWIFT: KOBS MK 2X SRB

Beneficiary Customer:

IBAN: MK07300701003869006

FONDACIJA ELEUSA STRUMICA

Kiril i Metodij 24 STRUMICA, R. MACEDONIA

ShareTweetShare
Previous Post

Празнично и во Домот за стари лица „Свети Јован“ – Честит празник дами!

Next Post

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Related Posts

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist