Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека со првите врнежи од снег екипи на „зимската служба“ се на терен со четири возила и вршат континуирано отстранување на снежните наноси низ улиците на територијата на општина Струмица. Освен отстранување на снегот се посипува и сол со што се спречува таложење на снег низ улиците на Струмица. Булеварите и улиците во градот, излезите од градот се проодни.
Како што информираат од комуналното претпријатие, и патиштата кон населените места Вељуса, Попчево, кон брана Водоча и Цареви кули се исчистени и се проодни, но апелираат за внимателно возење.
„Зимската служба продолжува со отстранувањето на снегот таму каде што е потребно се до негово целосно отстранување од улиците. Напоменуваме дека граѓаните треба да внимаваат во сообраќајот како и при движење по тротоарите“, стои во соопштението од ЈПКД „Комуналец“ Струмица.