Струмичкото СОУ „Јане Сандански“ во изминатите денови организираше Турнир во кошарка на кој се натпреваруваа екипи составени од четирите години во гимназиско и економско образование.
Во денешното финале победник е екипата Гимназиско III година под ментерство на професорот по Историја, Александар Тасев кои во борбата за првото место ја победија екипата од Економско III година, предводена од професорката Боркица Филева.
Трето место го освои екипата од Економско II година под менторство на професорот Митко Николов, кои ја победија екипата од Гимназиско II година предводени од професорката по физика, Ленче Ефтимова. Нејзината екипата ја освои наградата за „Фер-плеј“ екипа.
Пехарот на најдобрата екипа Гимназиско III година им го врачи градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов кој со дел од советниците го следеа финалето.
„Дружењето не прави социјално активни и богати со вистински пријатели, а спортот не прави ментално и физички здрави личности. Драги ученици, негувајте ги здравите навики, спортувајте и дружете се меѓу себе“, им кажа градоначалникот Костадинов на средношколците.