Синоќа во големото финале од првиот Меморијален турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2023/2024“, кој од 20 декември се одржуваше во Спортската сала „Парк“ во Струмица, екипата „Гостилница кај Џек“ од Скопје стана првиот победник, освојувајќи ја паричната награда од 600.000 денари. Тие во финалето славеа победа над екипата „Кеги Моби“ од Велес со 4:1, кои пак како второпласирани добија парична награда од 300.000 денари.
Во малото финале славеше екипата на „Андринико“ која освои парична награда од 100.000 денари. Тие во борбата за трето место беа подобри од „Токи Еднокуќево“, кои добија како награда 50.000 денари.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Драган Петровиќ од победничкиот тим „Гостилница Кај Џек“, кој постигна два гола во големото финале, додека за најдобар голман, Енсар Фера исто така од екипата на „Гостилница Кај Џек“. За најдобар стрелец е прогласен Тале Трајков од екипата на „Кеги Моби“ од Велес.