Екипата „Баламов компани“ од Гевгелија е победник на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал што се одржа во Куклиш. Тие во големото финале ја победија екипата „Freight One“ од Радовиш со 6:3. Третото место го освоија фудбалерите на „Гостилница кај Џек“ од Скопје, победувајќи ја екипата на „Токи Еднокуќево“ со 11:6.
За најдобар играч е прогласен Андреј Јаневски од победничкиот состав, додека за најдобар стрелец Мартин Мехмединовиќ од „Гостилница кај Џек“, а наградата за најдобар голман ја доби Бане Трифуновски.
Пехарите и медалите на најдобрите од вкупно 24 екипи што учествуваа на турнирот, во име на градоначалникот Костадин Костадинов, кој е покровител на турнирот им ги додели претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.