Попладнето во центарот на Струмица во стан на улицата „Благој Јанков Мучето“ избувнал пожар. При гасењето на пожарот од страната на струмичките пожарникари во станот било пронајдено починато машко лице.
„ТППЕ Струмица со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на опожарениот стан на четврти кат од колективна станбена зграда. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице. Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани“ – соопштија од ТППЕ Струмица.
Во тек е увид на самото место. Причините за пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежните институции.