Ноќта помеѓу сабота и недела на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода О.Х.(41), А.Д.(18) и М.И.(20), сите од Струмица, затоа што при преглед кај нив, кај О.Х. била пронајдена и одземена марихуана и тој бил задржан во Полициската станица Струмица, информираат од струмичката полиција.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.