Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 18:40 часот кај струмичкото село Владевци, на магистралниот пат Струмица–Радовиш. Според информациите кои портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова ги потврди за Радио СтрумицаНет, во несреќата се судриле мотоцикл и автомобил, едно лице загина, а едно е повредено.
Како што дознаваме, сопатничката на мотоциклот, жена на возраст од 45 години од Виница починала, а возачот на мотоциклот, маж на возраст од 58 години од Кочани е пренесен со тешки телесни повреди во струмичката болница.
АМСМ соопшти дека сообраќајот на магистралниот пат е во целосен прекин во двата правци.