Недела, 5 Мај во 20:00 часот, европскиот караван за Парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе биде со граѓаните на Струмица.
Караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ковачевски, ќе биде дел од Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина на платото на Споменикот на револуцијата во Струмица.

 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								