петок, 31 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Државната комисија за спречување на корупција со едукативна кампања во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиље

вторник, 14 ноември, 2023 | 15:37
in Вести, Струмица
Државната комисија за спречување на корупција со едукативна кампања во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиље

Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиље се вклучи во едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“ предводена од страна на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која е дел од Активност за антикорупција и интегритет, проект што го спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје, со финансиска поддршка од УСАИД.

„Од досегашната кампања можам да кажам дека децата се многу свесни за корупцијата, бидејќи на почетокот правиме анонимна анкета и поставуваме неколку прашања – дали се сведоци на незаслужени оценки, дали некој фаќа врски во училиштето, кому се обраќаат кога имаат проблем и друго. Заклучокот од сето тоа е дека поголем број од нив, некаде од 70 до 90 отсто одговориле дека се сведоци на такви појави и дека родителите најчесто фаќаат врски тие да ги добијат оценките и кога имаат проблем најчесто се обраќаат кај своите родители“, кажа претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

За успешноста на кампањата се грижат и актерите Игор Ангелов и Фисник Зекри, кои на начин близок до учениците ги презентираат лошите страни на корупцијата и добрите страни на одговорноста и чесноста. За сценариото е задолжена Елеонора Венинова, која на вешт начин на дечињата им ја спојува забавата и едукацијата.

Начинот на кој се води едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“, создава „херои“ кои засекогаш ќе ги запаметат пораките кои им се упатени и ќе ја надградат личната, а со тоа и колективната совест.

Кампањата има за цел одблиску да им се прикажат на децата негативните влијанија од коруптивните потфати и штетите кои ги предизвикуваат. Исто така, целта е тие, како поединци да имаат нулта толеранција кон луѓето кои подведуваат на корупција, а со тоа и да ги охрабрат да пријавуваат какво било коруптивно дејство.

ShareTweetShare
Previous Post

Изложба „На работ на зборовите“ во четврток – Градска Уметничка галерија

Next Post

Се асфалтира дел од „Младинска“

Related Posts

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица
Вести

Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

среда, 29 октомври, 2025 | 12:42
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist