недела, 2 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Државата да ги помага апликантите за ИПАРД средствата од ЕУ – одржана едукативна работилница во Радовиш

среда, 11 јуни, 2025 | 17:43
in Вести, Струмица
Државата да ги помага апликантите за ИПАРД средствата од ЕУ – одржана едукативна работилница во Радовиш

Државата треба да формира некој фонд кој ќе им помага на земјоделците, но и малите и средни претпријатија во процесот на аплицирање за средства од ИПАРД фондовите на ЕУ. Ваква порачаа присутните на едукативната работилница во Радовиш што ја организираше  здружението „Медија Инфонет“ од Струмица во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“ финансиран од ЕУ преку Евротинк, Алда и Бирц во земјава од проектот „Медиумите за ЕУ“.

На присутните им се обрати градонаачлникот на општина Радовиш, Ацо Ристов кој истакна дека добро е кога граѓанскиот сектор организира едукативни работилници со практични примери околу целата постапка за аплицирање со проекти за развој од ИПАРД програмата. Според него, само со поголема информираност ќе може да се користат овие пари што ги нуди ЕУ како за развој на земјоделството така и за развој на мали и средни претпријатија од агро секторот.

„Иако сум овде како градоначалник на општина Радовиш, сепак тука сум и како лице да научам нешто ново, бидејки ЕУ нуди огромни можности како поддршка која треба ние да ја искористиме. Ние имаме потенцијал, но ни требаат вистински информации за да го искористиме“, кажа градоначалникот Ристов.

Присутните на работилницата во Радовиш кажаа дека имат слушнато за оваа програма. Дел од реалниот сектор користеле за проширување на своите капацитети. Но онаа што беше потенцирано е дека целата постапка околу добивањето на европски пари е комплексна.

„Хрватска има еден вид Фонд за поддршка и интервенции и сметам дека и во земјава мора да постои некое државно тело или Фонд кој ќе ги помага заинтересираните. Тој Фонд освен со поддршка во целата постапка околу административната процедура, проект, аплицирање, да помогне и во обезбедување на средства за релизација на инвестиционите зафати. Голем број физички и правни лица не се доволно упатени во ЕУ Ипард програмата“, кажа Сашко Коцев од Радовиш.

Целата постапка и условите за добивање на европски пари преку ИПАРД програмата ја објасни Тихомир Трпевски. Тој на присутните детално ги објасни процедурите и постапките околу целиот процес, но и кои се евентуалните проблеми на кои ќе наидат апликантите за добивање пари од Европските фондови за земјоделство и рурален развој.

„Вкупно 97 милиони евра неповратни средства се обезбедени од ЕУ преку ИПАРД 3 програмата. Таа е од 2022 година и ќе трае до 2027 година. Државата ќе финансира со 25%. Во претходните два циклуса ИПАРД 1 и ИПАРД 2 имавме на располагање 223 милиони евра. Станува збор за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства кои опфаќат механизација, складишта, технологија за преработка и мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси што опфаќа туризам, преработка, обновливи извори, инфраструктура во рурални подрачја“ – кажа Трпевски.

Проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“ што го имплементира здружението „Медија Инфонет“ има за цел да ја „приближи“ ЕУ до граѓаните во Југоистокот преку ИПАРД фондовите.

Утре едукативна работилница ќе има во Богданци за гевгелиско-валандовскиот микро регион.  Проектот е финансиран од ЕУ преку проектот „Медиумите за ЕУ“, што го спроведува Евротинк во соработка со Алда и Бирц.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица промовирана мерката за самовработување со поддршка и до 10.000 евра

Next Post

Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

Related Posts

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Василево

АМСМ: Во прекин патниот правец Струмица – Радовиш

сабота, 1 ноември, 2025 | 17:28
39-годишен струмичанец украл пари од продажен објект, полицијата го пронајде дома и го привела во Полициска станица
Вести

22-годишно момче физички ја нападнал својата мајка и оштетил покуќнина

сабота, 1 ноември, 2025 | 16:48
„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица
Вести

„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица

петок, 31 октомври, 2025 | 13:43

ТОП ВЕСТИ

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist