Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов по објавувањето на резултатите, во своето обраќање кажа дека вечерва Струмица е најрадосна.
„Благодарност до сите мои струмичани и на сите граѓани на Република Македонија што го искористија правото на глас. Честитки за фер, мирниот и демократски процес во кој помина изборниот ден. Насекаде во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ слави победа. Во Струмица после многу години победуваме со над 2800 гласови разлика. Знам дека цела Македонија се радува, и си земам за право да кажам дека вечерва Струмица е најрадосна“ – кажа Дрвошанов.
 
 
                                 
 
 
		     
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								