Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ организираше донаторство за спортско-шаховската училишна секција при ООУ „Даме Груев“ од село Куклиш, општина Струмица.
„По барање на оваа секција, донацијата се состои од шаховски табли и бројни спортски реквизити за потребите на учениците од прво до петто одделение и нивните наставници. Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во рамките на своето делување негува соработка со компании со кои споделува исти погледи и вредности. Врз основа на таквата соработка, нашата Фондација го организираше ова донаторство за училиштето во Куклиш“, информираат од Фондацијата, изразувајќи благодарност на сопствениците на компаниите за нивното „да“ во реализацијата на ова донаторство.