Денес кога земјите од целиот свет го одбележуваат 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ден за промовирање на заложбата за еднакво учество на лицата со попреченост и нивната инклузија во сите сфери на општественото живеење, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и годинава на посебен начин го одбележува овој ден.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со поддршка на Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет – Кошаркари во колички ХОУП Спорт, донирајќи специјална инвалидска количка за кошарка, во вредност од 284.075 денари, купена од „Славеј“ АД – Центар за ортотика и протетика.
„Со оваа донација го поддржуваме Здружението да го развива првиот и единствен кошаркарски клуб на лица со телесен инвалидитет, кој всушност ја претставува и македонската репрезентација во овој спорт, како и непречена реализација на планираните домашни и меѓународни активности. Тоа е наш влог и во остварувањето на целта и мисијата на Здружението, а тоа се: вклучување на што поголем број лица со инвалидитет во физички и спортски активности и помош во нивната рехабилитација, како и инклузија на лицата со телесен инвалидитет преку кошарката. Да им го подобриме животот на лицата со попреченост, затоа што се дел од нас“ – стои во соопштението на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.