Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради настанат дефект на водоводна мрежа во прекин е водоснабдувањето во селото Куклиш. Екипи на јавното комунално претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува околу 15:00 часот.