Вечерва во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа свеченото доделување на наградите од 27-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2026“, кој е дел од традиционалната програма на Струмичкиот карневал.
Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, кој истакна дека Струмица преку хуморот и сатирата испраќа порака за креативност, слобода на изразување и меѓународна соработка.

Жири-комисијата одлучи Златната плакета да му припадне на Роман Сика од Словачка. Сребрената плакета ја доби Миро Георгиевски од Македонија, а Бронзената плакета му беше доделена на Блаже Докуле од Македонија.
Дополнителна награда од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал доби Надица Митева од Радовиш.
Златната плакета му беше доделена на Александар Чотриќ од Србија, кој настапи под шифрата „Струмица“. Сребрената плакета ја доби Атанас Крлевски од Македонија (шифра „Забрането овошје“), додека Бронзената плакета ѝ припадна на Лилјана Крстиќ од Србија (шифра „Триаголник“).
Дополнителна награда од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал му беше доделена на Миле Ѓоргијоски од Македонија, кој учествуваше под шифрата „Природна појава“.
Жири-комисијата одлучи дипломи да добијат и Екрем Мациќ од Босна и Херцеговина (шифра „Кревет“), Елисавета Бончева од Македонија (шифра „Еделвајс“) и Марија Ранѓеловиќ од Србија (шифра „Афродита“).
Жирито работеше во состав: Братислав Костадинов како претседател и членовите Стојанче Величковски, Александар Филев, Ацо Ѓоргиев и Љубомир Арнаудов.
Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура „Струмица“ и годинава ја потврди својата улога како значајна платформа за промоција на хуморот, сатирата и креативното изразување на автори од земјата и странство, збогатувајќи ја културната понуда во рамките на карневалските денови во Струмица. /Р.Ѓ./




























