Струмичкиот музичар Димитар Арапо и едно ново надежно име со прекрасен глас Теодора Сретеновиќ, прва година студент по психологија вечерва објавија „cover“ на познатата мелодија „Бела песна“ на Ристо Самарџиев, верзијата што ја обработија Аки Ракимовски и Каролина Гочева.
Одлична интерпретација на Арапо и Теодора. Митко со својата професионалност во музиката и откривањето на млади таленти, го препознаваме и како автор на мелодии во изведба на млади струмички имиња на македонската естрада.