Според првичните обработени 50,60% од избирачките места, односно 42 од вкупно 83 во општина Струмица, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков води со 6.990 гласови, односно 56,37% наспроти кандидатот на СДСМ, Марјан Даскаловски кој досега има освоено 4.405 гласови или 35,52%. Независниот кандидат Драган Котуровиќ има 218 гласови, односно освоено 1,76%, додека Ристо Цасконоје од „Единствена Македонија“ 168 гласови или 1,35%.
Кај советничките листи за општина Струмица ВМРО-ДПМНЕ има освоено 6.080 гласови, односно 49,95%, СДСМ имат освоено 3.933 односно 32,31%, ЗНАМ има 607 гласови или 4,99%, Левица 561 глас или 4,61%, група Избирачи Ѓорги Танушев 486 или 3,99%, Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) 19 гласа или 0,16% и Движење за национално единство на Турците (ДНЕТ) 12 гласови или 0,10%. Според ДИК овде се обработени 41 од вкупно 83 избирачки места, односно 49,40%.