Досегашниот началник на СВР Струмица, Дејан Ефтимов именуван во почетокот на февруари оваа година од страна на тогашниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, а денес и министер во новата Влада предводена од Христијан Мицкоски, од денеска продолжува и официјално да ја извршува функцијата прв човек на Секторот за внатрешни работи – Струмица.
Дејан Ефтимов освен со СВР Струмица ќе радоводи и со ОВР Радовиш, ОВР Гевгелија, ОВР Валандово, ПС Дојран, ПС Богданци и ПО Ново Село. Ефтимов својот професионален ангажман го започнува како доброволец во воениот конфликт од 2001 година, а подоцна како радоводител на ОРГ – единица во МВР.