Вчера во 14:50 часот на магистрален пат А4 Радовиш – Струмица, на делница од село Владевци до село Радичево, струмичко, Н.Р.(28) од село Злеово, радовишко, управувајќи патничко возило „БМВ” со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот, информираат од СВР Струмица.
Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците В.Л.(41) и Г.Р.(35), и двајцата од село Воиславци, радовишко, констатирани во болницата во Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								