Денеска во 12:00 часот е закажана прес конференција на која жири комисијата ќе ги објави најдобрите маски избрани од нивна страна на годинашното издание на Струмичкиот карневал и најдобрата маска според гласовите од „онлајн“ гласањето на публиката. Веднаш потоа во 13:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе биде организиран ручек со бел грав (фасуљ) за сите граѓани кои сакаат да го вкусат.
Според програмата на Струмичкиот карневал, вечерва во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите од наградниот конкурс на најдобрите карикатури и афоризми.