Македонија и македонскиот народ денеска го чествува делото на Свети Климент Охридски Чудотворец, првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесеттина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.