Денеска е 11-ти Октомври, Ден на македонското антифашистичко востание и Ден на борецот. 83 години од првите истрели во Прилеп и Куманово, со што започна Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Македонскиот непокор повторно стапи на сцена со единствена цел – слобода на Македонија и македонските граѓани.
11 Октомври – Денот на македонското антифашистичко востание и Денот на борецот е еден од трите најголеми историски празници, покрај Двата Илиндена и Денот на независноста.
По тој повод денеска во 10:00 часот пред Споменикот на Револуцијата во големиот градски парк во Струмица ќе се одржи мала свеченост со која ќе се одбележи денешниот празник.