„Со цел подобрување на јавната чистоќа ЈПКД „Комуналец“ денеска започна со акција за генерално чистење на Струмица. Во акцијата се влучени 30 работници, две машини за метење на улиците, четири трактори, еден камион, а по подигнувањето на сметот и метење на улиците вклучена е и цистерна која врши перење на истите“, информираат од струмичкото комунално претпријатие.
Акцијата започна со градските населби Карпош и Чифлик и ги информираат граѓаните од овие две населби кои имаат било каков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите како би бил подигнат во текот на денот.
Акцијата ќе продолжи и во наредните недели во месец јуни и реонски ќе биде опфатен целиот град.