АД Пошта на Северна Македонија го одбележува 22 април – Денот на поштенските работници. По тој повод денеска во подружницата во Струмица на скромен начин беше одбележан овој ден. Директорката Лилјана Гошева на вработени кои наполниле 15 и 30 години непрекинат работен стаж во оваа институција им додели признание и скромни подароци по што имаа и заедничко дружење.

„Пошта претрпе огромни удари за време на Ковид кризата. Како последица на пандемијата, граѓаните се повеќе нарачуваат „online“, а тоа предизвика зголемен обем на достава на пратки од електронската трговија. И покрај сите предизвици, Пошта покажа општествена одговорност и социјална грижа со своето непрекинато работење, се во интерес на граѓаните“ – вели Лилјана Гошева, директор на АД Пошта на Северна Македонија – Подружница Струмица, упатувајќи честитки за празникот до вработените со благодарност за своето залагање кое досега го покажале на дело.

 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								