Од ЈП „Паркиралишта Струмица“ информираат дека поради многуте дефекти кои настанаа од невремето изминатиот викенд, голем дел од мрежата за јавно осветлување во некои од населените места во општина Струмица како и градот Струмица, се во прекин.
„Се бараат оперативни решенија заедно со екипи на ЕВН Македонија за надминување на овие проблеми. Се надеваме на трпение и разбирање“ – соопштуваат од ЈП „Паркиралишта Струмица“, кое е надлежно за одржување на јавното осветлување на територијата на општина Струмица