Двете девојчиња од струмичко кои со своите соученици денеска биле на еднодневна екскурзија во Скопје, а од 16:00 часот беа пријавени во МВР како исчезнати од нивната наставничка, се пронајдени – потврди МВР.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека на 08.05.2023 година околу 23:50 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко за кои на 08.05.2023 година околу 16:00 часот во СВР Скопје од нивната професорка беше пријавено дека се изгубиле на територија на Центар. Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени“ – информира МВР.