Одбојкарките на „Наковски Волеј“ во Струмица мајсторски ги надиграа актуелните шампионки „Работнички Скопје“ со енергичен напад и добра стратегија во одбраната и со резултат од 3:1 во сетови (18:25, 25:17,26:24, 25:23), ја остварија победата за паметење во Струмица.
Во квалитетна игра, борбеност и одличен одбојкарски перформанс на одбојкарките на „Наковски Волеј“ уживаше огромниот број на публика на трибините во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.