Синоќа на новогодишната ноќ дежурната екипа на Противпожарната единица на Струмица имала две интервенции.
Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во 22:30 часот интервенирале на улицата „Борис Поп-Димитров“ во Струмица каде настанал пожар во подрумски простории од куќа, но со брзата интервенција пожарот е изгаснат за кратко време и не е дозволено негово проширување.
На првиот ден од новата 2024 година во 05:20 часот во близина на Сушица, автомобил излетал од коловозот и се превртел. Пожарникарите интервенирале со извлекување на возилото, а возачот поминал без повреди.