Вчера околу 09:00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „Фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот, информираат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.