Регионалниот Центар за управување со кризи – Струмица, информира дека вчера пожарникарите од ТППЕ Струмица од 13:35 до 14:40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај селото Градско Балдовци (Општина Струмица), каде што била зафатена површина од околу 1 хектар. Речиси истовремено, струмичките пожарникари во период од 13:20 до 18:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале и на запалена депонија во близина на селото Босилово (Општина Босилово).