Со решение на министерот за здравство, за нов директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица е именуван д-р Кирил Манчев, лекар со 20-годишно искуство во јавното и приватното здравство.
Д-р Манчев е роден 1978 година во Струмица каде го завршува своето основно и средно образование. После завршување на средно училиште во СОУ „Јане Сандански“, во 1996 година се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје. По завршувањето на високото образование, од 2003 до 2007 година работи во ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица и ЈЗУ „Општа болница“ Струмица. Од април 2007 година ја основа Поликлиниката ПЗУ „Д-р Манчев“ со ординации во населените места Владевци и Злеово, а во 2018 година се стекнува како специјалист по семејна медицина.
Д-р Манчев е активен и во здруженијата на лекари и бил координатор на Здружението на приватни лекари во Струмица. Тој е национален претставник за Македонија во Интернациналниот советодавен Управен одбор на европското здружение на доктори-специјалисти по семејна медицина кои работат во рурални средини – ЕУРИПА. Член е во комисија за рурално здравство во Лекарска комора на Македонија, а бил учесник и организатор на повеќе стручни предавања и конгреси во земјава и странство со постер и орална презентација на трудови од секојдневната пракса.
Со неговото поставуваме ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица добива менаџер со богато искуство од приватниот сектор, комбинирана со искуството стекнато како доктор во Итната медицинска помош во институцијата која сега ќе ја менаџира.