Групата Фолтин на 21 септември (четврток) од 20:00 часот ќе одржи концерт во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
„Фолтин“ имаат континуитет од скоро 30 години концертно присуство пред домашната и меѓународна публика, а не ретко настапуваат и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани и постарите песни на „Фолтин“, но и песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“.
Концертот се организира со поддршка на Министерство за култура и во соработка со Центарот за култура „Антон Панов“ Струмица.