Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“ ги информира граѓаните, корисници на интернет дека и ова година ќе се доделува „Награда од публика“ за маска од главната карневалска вечер што ќе се одржи вечерва (сабота, 1 март).
Граѓаните ќе имаат можност преку интернет да го дадат својот глас само за 1 (една) маска од сите категории преку интернет онлајн гласање на линкот: www.strumickikarnevalglasaj.mk или со скенирање на QR кодот.
Гласањето ќе биде достапно на 1 март 2025 година во периодот од 18:30 до 23:59 часот.
Карневалските групи со најмногу гласови од публиката ќе добијат диплома, а ќе бидат доделени на 4 март (вторник) во 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.