понеделник, 30 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Грамада од богатство со народни поговорки од струмичко и подари Иван Котев на Македонија

недела, 22 декември, 2024 | 13:08
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Грамада од богатство со народни поговорки од струмичко и подари Иван Котев на Македонија

Познатиот македонски фоклорист Иван Котев од Струмица пред струмичката и македонската јавност ја промовира својата 16-та книга, овој пат, вториот том со народни поговорки од струмичко – „Судбина с’с ваглен напишана“. Професорката д-р Ана Витанова Рингачева, рецензент на книгата, вели дека оваа е продолжение на првата голема книга на Котев издадена пред 12 години – „Мудроста на вековите“, која и до ден денешен го има интересот на научната јавност.

„Вториот том Иван Котев посака да го нарече „Судбина с’с ваглен напишана“. Станува збор за една убава мудрост, израз запишан токму од народниот мудрец, книга која содржи околу 14.000 фолклористички единици, поговорки, пословици, фрази, изрази… Всушност оваа книга претставува уште една грамада од богатство, кога говориме за кратките фолклорни жанрови, односно поговорките, пословиците на коишто Иван последните години навистина многу сериозно работи и е посветен, книга која само на нему својствен начин, многу штедро, многу внимателно ги запишал, ги дешифрирал, ги подредил онака како што тој сметаше дека треба“ – кажа професорката Ана Витанова Рингачева.

86-годишниот Иван Котев очекува оваа книга со 500 страници да си ја изигра својата функција како еден документ за едно време, за еден народ, за еден јазик којшто, како што вели тој, цвета во поговорките.

„Фолклорот е поле со бескрајни можности за работа на сите полиња. Од фолклорот, од поговорките може да научиме како живеел народот порано, какво било правосудството, како била социјалната положба на жената, на децата. Поговорките се еден вид патоказ и показател на општите струења во животот на една средина, на еден народ, на една држава, на една нација“ – кажа Иван Котев.

Котев вели дека поговорките ги употребуваме во секојдневниот живот, дури не сме свесни за тоа, поговорката е составен дел на нашиот јазик, на зборот.

„Треба да внимаваме на зборот пред да го изговориме, оти кажа ли го зборот, не се враќа назад. „Зборот излева низ два заба, ама оде низ два града“, и после ти докажи дека не си рекол или си рекол, потенцира Котев.

„Поговорките се еден благослов на еден народ. Народ кој створил толкав голем број поговорки, гатанки, зборови, кој создал една усна уметност, народ кој умеел да се носи со времето, да преживее векови во ропство, не е обичен народ, тој е еден жилав народ, како што е македонскиот, и ние можеме да бидеме горди што сме припадници на тој народ затоа што неговиот јазик е свет јазик, на него можат да се изразат најсуптилните, најнежните чувства. На него можат да се кажат најборбените повици, да се искаже најтешката мака на народот. Со еден збор кажано, нашиот народ создал една голема света уметност. Не сме случајно спомнати во библијата повеќе пати. Ништо не е случајно, тоа да ви е јасно“ – кажа во своето обраќање нашиот фолклорист и собирач на народни умотворби, Иван Котев.

На промоцијата на книгата „Судбина с’с ваглен напишана“, која се одржа синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, неформално обраќање имаше и пензионираниот професор-филолог, Јордан Стојановски.

Кратките фолклорни форми, пословици, поговорки, фрази, изрази, на промоцијата на книгата ги интерпретираа професорите по македонски јазик, Сузана Мицева и Ице Беличев на задоволство на публиката која уживаше во хумористичниот гениј на нашиот народ кој создал огромен број кратки форми.

Неуморниот собирач Иван Котев го најави и третиот том со народни поговорки од струмичко, веќе се напишани 15 страници, а најави и промоција на 24 мај 2025 година на нова книга, втор дел од книгата за едно од првите македонски училишта кое било во селото Робово, струмичко – „Од преродбата до денес“. Овој пат акцент става на оние кои работеле во училиштето, или се од Робово, а работеле во други училишта. Тој најави и уште една книга „Бројалки, залагалки“, детски фолклор која ќе ја надополни и со народни детски игри од времето наназад.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Полицијата синоќа во контрола на угостителски објекти, во еден било констатирано присуство на малолетни лица

Next Post

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ, Горан Пандев спортски директор

Related Posts

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Вести

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

петок, 27 јуни, 2025 | 14:39
Се е подготвено за настанот „Мистериите на Беласица“ – се одржува овој викенд, а годинава е по 10-ти пат
Вести

Се е подготвено за настанот „Мистериите на Беласица“ – се одржува овој викенд, а годинава е по 10-ти пат

четврток, 26 јуни, 2025 | 10:17

ТОП ВЕСТИ

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија
Струмичанецот Југослав Тренчовски се сели во Словенија – ќе биде прв тренер на прволигашот ФК „Радомље“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist