Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов синоќа на Фејсбук објави дека на негова иницијатива, а пред кроењето на буџетот за 2023 година, ги започнале јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.
„Вечерва со мојот тим, членови на Советот, директори и претставници на општинските јавни претпријатија, одржавме собир со претставници на граѓаните од сите 8 урбани заедници во градот. Разговаравме за сработеното во ова буџетска година, за актуелните проблеми и приоритетите за наредната година“ – напиша Костадинов.
Со објава на Фејсбук реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Никола Маџунков, градоначалникот се ислика и си отиде без да ги ислуша граѓаните.
„Костадинов во своето известување до јавноста објави фотографии, демек транспарентно ќе го прави буџетот за 2023-та. Но реалноста е поинаква, дојде се сликаше, одржа краток небулозен говор и си замина, не слушајќи ги проблемите на граѓаните. Од средбите на граѓаните направи ПР. Скромното присуство на граѓаните го покажа како транспарентност“ – напиша Маџунков.