Вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов е во посета на дежурните служби во јавните општински и државни институции во градот.
Мирна и спокојна новогодишна ноќ им посака на дежурните екипи во Противпожарната единица, Итната медицинска помош, Општата болница, СВР Струмица, Фабриката за вода и Центарот за управување со кризи.