Од денеска, па во наредните празнични денови Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов ќе го краси големо црвено Велигденско јајце со ликот на Исус Христос, кои му го подарија учениците од IVª одделение при ООУ „Видое Подгорец“, со нивната учителка Гордана Тилева.
Тие денеска беа во посета кај градоначалникот како дел од воспитно-образовниот план и програма за четвртите одделенија во кој учениците се информираат за работата на општината и градоначалникот.
„Вистинско изненадување беше прекрасниот предвелигденски дар кој го добив – големо црвено јајце со ликот на Исус Христос, изработено и насликано од вредните и креативни раце на учениците. Големо Благодарам и големо Браво за нив“, напиша градоначалникот Костадинов на Фејсбук.