Вчера околу 16:00 часот избувнал пожар на депонијата кај Ново Село. Противпожарната единица на Струмица со 2 возила и 6 пожарникари-спасители веднаш излезе на лице место и презеде мерки најпрво да го спречи ширењето на пожарот на околните ридови, а после тоа кон негово гаснење, информираат од ТППЕ Струмица,
„Гаснењето на овие пожари е исклучително тешко поради големата количина на различен отпаден материјал. Секоја запалена депонија го загадува воздухот со токсични канцерогени материи. Освен за воздухот, овие депонии се ризик за почвата и водите, а шират и зарази. Депониите некогаш се опожаруваат од самиот отпад, но во многу случаи се намерно запалени“, велат од ТППЕ Струмица.