Утрово околу 09:30 часот пожарникарите на Струмица интервенирале во гасењето на запален автомобил на патот помеѓу селата Муртино и Сачево. Тројца пожарникари – спасители со едно противпожарно возило биле вклучени во акцијата. Пожарот бил во разгорена фаза и е спречено негово ширење. Нема повредени лица од возилото, направена е само значителна материјална штета.
Во случај на пожар или друга елементарна непогода повикајте: 193 – Противпожарна единица.
ФОТО: ТППЕ Струмица