Вчера во доцните попладневни часови Струмица и струмичкиот регион беа зафатени од невреме проследено со силен ветер. Според информацијата од Центарот за управување со кризи, имало паднати дрвја на регионалниот пат Ново Село – Самоилово, на магистралниот пат Струмица – Ново Село и на магистралниот пат Струмица – Валандово. Од ЦУК велат дека известени се ЈП Македонија пат за да ги одстранат паднатите дрва. Имаат регистрирано и падната бандера на ул. „Бошко Буха“ во Струмица и во селото Попчево. За ова известени се дежурните служби на ЕВН Македонија и ЕЛС Струмица.