Претседателот на Советот на општина Струмица, Никола Маџунков за утре (четврток, 13 ноември) во 11:00 часот ја закажа втората седница на Советот, која ќе се одржи во салата на Советот на општина Струмица во Домот на АРМ.
На дневен ред се најдоа повеќе значајни точки од областа на буџетското планирање, локалниот развој и јавните услуги, меѓу кои најважни се:
- Ребаланс на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
- Квартален извештај за извршување на буџетот за третиот квартал;
- План на програмите за развој за 2026 година;
- Измени на повеќе општински програми за 2025 година (животна средина, градежно земјиште, јавно зеленило, осветлување, чистота, социјална заштита, еднакви можности);
- Доделување парична помош на две лица од Струмица;
- Измени во правилникот за стипендии и во годишните планови за вработување во две училишта.




























